Top Sport

19 години од најубавиот гол во историјата на ЛШ – легендарниот волеј на Зидан

Пред точно 19 години, Зинедин Зидан го постигна можеби најубавиот гол во историјата на Лигата на шампионите, носејќи нова европска титула на Реал Мадрид, овојпат како играч.

На 15 мај 2002 година, Реал Мадрид ги пречекаа Баер Леверкузен во финалето на ЛШ на „Хампден парк“ во Глазгов. „Кралевите“ бргу дојдоа во водство преку Раул, но Леверкузен, кои на патот до финалето ги елиминираа и Ливерпул и Манчестер јунајтед, одговорија бргу со гол на Лусио.

Карстен Рамелов имаше две фантастични шанси, кои ги одбрани младиот Икер Касилјас, пред на полувремето, Зидан да го оствари најубавиот гол во својата кариера.

Тоа беше деветта титула за Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Scroll to Top