Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа беа надиграни од Партизан во Белград, но сепак успеаја да забележат победа во третото коло во Лига Европа. Победникот го реши Антони Марсија кој постигна гол од пенал во 43 минута.
Јунајтед во Белград ја остварија целта, иако комбинираниот тим на Солскјер не одигра ништо на теренот.
„По мечот со Ливерпул делуваше дека има некаква надеж. Но кога ќе го погледнете вечерашниот меч, се наликува на почетокот на сезоната. Делува како ова да е тим на странци кои никогаш не играле заедно. Нема никаква врска помеѓу играчите од средниот ред и нападот“, се огласи по мечот еден од најголемите критичари на Јунајтед, Пол Сколс.
„Сакате да видите нешто, некако блесок на добра игра, играчот кој игра на позицијата ‘десетка’ да прими топка на средината, но во овој тим изгледа никој нема храброст да ризикува и да се обиде да одигра нешто“.
Сколс смета дека и одбраната била лоша иако Серхио Ромеро остана не совладан.
„И дефанзивно беа многу лоши. Во второто полувреме само еден тим имаше желба да постигне гол, Партизан. Не гледам ништо добро нивната игра. Во многу натпревари ќе го имаат поседот на топката, но ќе мора да бидат паметни и да знаат како треба да играат“, заклучил Сколс.