Top Sport

Светските шампионки во фудбал ќе ги предводи Македонецот Андоновски

Македонецот Влатко Андоновски (42), тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ ќе биде новиот селектор на светските шампиони во фудбал, женската репрезентација на САД. На функцијата тој ќе ја наследи Џил Елис која ги предводеше Американките до две светски титули.

Андоновски кој играше во Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар како фудбалер, од 2000 живее во САД каде што играше за Вичита вингс и Канзас Сити кометс, пред да почне да работи како помошник во женскиот тим на Канзас сити.

Македонсецот ги предводеше Канзас сити до две лигашки титули во 2014 и 2015 пред тимот да престане да функционира и да се пресели во Рејн ФЦ.

Во Рејн, тој е тренер на ѕвездата на американскиот фудбал, Меган Рапино, која вели дека тој е вистински човек за оваа позиција.

„Најдобрата работа за него е тактичката флексибилност и разбирањето на фудбалот. Не се обидува да игра само еден стил и да е тврдоглав. Сака да победува и знае да постави тактика“, вели Рапино.

На клупата на САД, Андоновски ќе дебитира наредниот месец во пријателските натпревари со Шведска и Костарика.

Scroll to Top