Од фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед добиле дозвола од Реал Мадрид да преговараат со дефанзивецот на „Кралевите“, францускиот интернационалец Рафаел Варан.
Ако Варан ги договори личните услови со „ѓаволите“, управата на англискиот клуб би можела да започне преговори со мадридскиот клуб околу цената на трансферот.
Со менаџерите на 28-годишниот фудбалер преговараат и од ПСЖ.
Варан има уште една година од договорот со Кралскиот клуб, а Јунајтед сака да ја намали откупната клаузула затоа што веќе во јануари тој може да потпише преддоговор со тимот од Манчестер, и тоа без никакви ограничувања.
Варан е еден од најдобрите дефанзивци во светот. Во Реал е од 2011 година и одигра над 350 меча за клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
За „триколорите“ има 79 настапи.