Top Sport

10 факти го одбележаа ЕУРО 2020 – автоголови, многу повреди и ужасот со Ериксен

Чудно европско првенство одиграа 24-те најдобри европски репрезентации на Стариот континент.

Впечатоците се во поголем број негативни, иако има и од оние позитивните.

Ова се топ 10 фактите кои го одбележаа ЕП:

-Италија на импресивен начин стигна до титулата, се бореа како лавови, го оставија најпозитивниот впечаток на првенството, но имаа и доза на среќа, при пеналите против Шпанија, односно Англија

-На сите ЕП досега беа постигнати вкупно 9 автоголови, а вчеразавршеното дури 11. Тоа зборува доволно за самиот квалитет на првенството

-Англичаните се чини претераа со еуфоријата, толку многу потенцираа дека ќе го скршат проклетството и ќе ја грабнат титулата, но на крај останаа со празни раце

-На самиот почеток на првенствоо страшни сцени на мечот Данска – Финска. Кристијан Ериксен доживеа срцев удар, одвај му го спасија животот, а фудбалот во тие моменти комплетно беше во втор план

-Многу тренери тактичари, повеќето репрезентации играа без класичен напаѓач, на моменти досадни натпревари

-Мечевите од нокаут фазата на кои резултатот беше нерешен од 70 минута стануваа пре-дефанзивни, а публиката можеше да заспие од досада. Малку се возбудливите натпревари како Франција – Швајцарија и Шпанија – Хрватска

-Млади ѕвезди на првенството – нула (0), или максимум една (1) – Педри (Шпанија). Кога откритие на првенството е 28-годишен играч (Госенс), јасно е се. И Киеза малку го поправи овој впечаток

-Ковид протоколите донесоа мал број на гледачи на трибините, пред се на почетокот на ЕП, 3-4.000 гледачи во Глазгов, на пример

-Толку најавуваната група на смртта се испостави како најслаба на првенството. Трите тима кои обезбедија осминафинале, уште тука ги завршија настапите, не стигнаа ниту меѓу 8-те најдобри на ЕУРО

-И последната 10-та ставка (факт), не помалку битна – дури 50 фудбалери заработија повреди на овој шампионат. Останува во сеќавањето повредата на Спинацола.

Scroll to Top