Top Sport

Јунајтед ги „начека“ Транмир и им ја наполни мрежата (видео)

Манчестер јунајтед стигна до убедлива 6:0 победа над третолигашот Транмир во четврт-финалето на ФА купот, во меч во кој своите првенци во дресот на „ѓаволите“ ги постигнаа Хери Мегвајр и Диого Далот, а во листата на стрелците се запиша дури и Џеси Лингард!

Незгодното гостување на тешкиот терен во Биркенхед во близината на Ливерпул, дојде откако Транмир претходно во средата во драматичен меч успеаја да го елиминираат премиерлигашот Вотфорд, но „ѓаволите“ не дозволија резултат кој уште повеќе би ја урнал разнишаната доверба на навивачите.

Мечот беше отворен со спектакуларен гол на дефазнивецот Хери Мегвајр во 10. минута, а само три минути подоцна и Диого Далот го постигна својот првенец. Лингард во 16. минута зголеми на 3:0, а во финишот на полувремето во листата на стрелците се запишаа и Фил Џонс и Антони Марсијал. Во второто полувреме немаше толку голови – Мејсон Гринвуд од пенал зголеми на 6:0.

Scroll to Top