Top Sport

Јунајтед ги откажа годишните награди – на фудбалерите им било срам да се појават

Манчестер јунајтед решиле да ја откажат традиционалната церемонија за доделување на награата за играч на сезоната бидејќи на скапо платените фудбалски ѕвезди на клубот им било „премногу срам“ да учествуваат, објавува „Дејли мирор“.

Сезоната 2021/22 бргу ќе биде заборавена од навивачите, откако клубот во моментов е на шестото место на табелата со 32 поени заостанување зад лидерот Манчестер сити. Тие нема да играат во Лигата на шампионите, на коло пред крајот имаат 11 лигашки порази и сигурно ќе го имаат најмлиот збир на поени во ерата на Премиерлигата.

Лошата форма не престана со отказот за Оле Гунар Солскјер во ноември, бидејќи и неговата привремена замена Ралф Рангник не успеа да го стабилизира „бродот кој тоне“ и многу фанови посакуваат сезоната конечно да заврши.

Scroll to Top