Top Sport

Чистката во Јуве продолжува: Мората и Бернардески следни на списокот

Јувентус по најавената разделба со Пауло Дибала, решиле да се „ослободат“ и од Алваро Мората и од Федерико Бернардески, продолжувајќи го „ремонтот“ на тимот по неуспешната сезона.

Според „Марка“, Јуве веќе му соопштиле на Мората дека нема да го откупат неговиот договор од Атлетико Мадрид, и покрај тоа што Шпанецот веќе две сезони е во Торино како постојан играч. „Старата дама“ имаше шанса да го направи трансферот постојан за 35 милиони евра, но наместо тоа Мората ќе бара нов тим.

Мората беше во Јувентус од 2014 до 2016, кога освои две титули од Серија А, а беше дел и од финалето на ЛШ против Барселона. Тој се врати во Реал Мадрид, со кои ја освои ЛШ во 2017 година, по што играше во Челси и Атлетико пред да се врати во Торино.

Според „Фудбал Италија“, и на Бернардески му било соопштено дека ќе треба да си побара нов тим кога ќе заврши договорот, иако тој се надевал на нов договор. Бернардески беше мета на повеќе европски клубови додека беше фудбалер на Фиорентина, пред во 2017 година да премине во Јуве за 40 милиони евра. Тој има 182 настапи и 12 гола за Јуве.

Scroll to Top