Top Sport

Јунајтед ги сакаат Овермарс и Ван дер Сар од Ајакс?

Манчестер јунајтед можеби, конечно, ги најдоа вистинските кандидати за позицијата спортски директор во клубот на „Олд Трафорд“, сметајќи на двојката на Ајакс, Едвин ван дер Сар и Марк Овермарс, откако поранешниот фудбалер на Арсенал, Овермарс призна дека би сакал да најде „предизвик“ во странство.

Овермарс, кој ја има позицијата на директор на фудбал во Ајакс, призна дека во блиска иднина заедно со Ван дер Сар би сакале да имаат нов предизвик, а според „Дејли мирор“, Јунајтед сметаат дека 47-годишниот Холанѓанец ги задоволува сите услови за добивање на позиција со која би требал да биде одговорен за трансформирање на нивниот модел на ангажирање фудбалери.

Јунајтед се еден од ретките врвни клубови кои немаат позиција на спортски директор и за трансферите е задолжен потпретседателот на клубот, Ед Вудворд, кој беше критикуван за слабо завршената работа последните три сезони. Овермарс помогна Ајакс да продолжи со традицијата на промоција на сопствениот талент, но и пронаоѓање на фудбалери од целиот свет.

„Кога дојдов во Ајакс, знаев дека сакам да останам само три-четири години. Сега, поминаа осум сезони за мене и за Едвин и сигурно нема да продолжиме до нашата 60-та година. Работата во Ајакс побарува многу енергија, бидејќи цела Холандија е зад нас и постојано има мислење“, изјави Овермарс.

Scroll to Top