Top Sport

Јунајтед ги „скрши“ храбрите Колчестер, Лестер на пенали подобар од Евертон (видео)

Четвртолигашот Колчестер јунајтед не успеа да направи нова сензација и по Тотенхем да го елиминира и Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, но сепак, тие успеаја да одиграат едно полувреме без да примат гол, пред да „паднат“ 3:0 во четврт-финалето на Англискиот лига куп.

Сонот за сензација на големиот стадион падна беше срушен во 10 минути во второто полувреме. Маркус Рашфорд во 51. минута го постигна првиот гол, само пет минути подоцна Џексон си постигна автогол, додека во 61. минута Антони Марсијал ги доврши аутсајдерите.

Најдраматично беше во Ливерпул, каде што Евертон успеа да се врати од 0:2 негатива против Лестер да израмни на 2:2, за потоа да биде елиминиран во пенал-серијата, во која утна три пенали. Манчестер сити пак, со пола сила стигна до 3:1 победа на гости кај Оксфорд јунајтед за да ги комплетира полуфиналистите.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Оксфорд јунајтед – Манчестер сити 1:3

Манчестер јунајтед – Колчестер 3:0

Евертон – Лестер 2:2, 2:4 пен.

ВЧЕРА

Астон вила – Ливерпул 5:0

Scroll to Top