Top Sport

Јунајтед го бараат Кукурелја на позајмица

Марк Кукурелја може да му се приклучи на својот поранешен согирач Мејсон Маунт на „Олд Трафорд“, откако Манчестер јунајтед контактирале со Челси за позајмица по повредата на Лук Шо, тврди Фабрицио Ромно.

Иако уште нема формална понуда, Јунајтед е во потрага на лев бек по повредите на Лук Шо и Тајрел Маласија, по што Ерик Тен Хаг играше со Диого Далот на левата страна при вчерашната 3:2 победа над Нотингем форест.

Кукурелја не ги исполни очекувањата по неговиот трансфер од Брајтон, и во моментов ја нема довербата на новиот менаџер Маурисио Почетино.

Scroll to Top