Top Sport

(Видео) Меси „владее“ со Америка – магичен гол во дебито во МЛС лигата

Лионел Меси повторно ги воодушевува американските фудбалски фанови, откако иако требаше да одмори и да има епизодна улога во својот прв меч во МЛС лигата, Аргентинецот постигна фантастичен гол при 2:0 победата против Њујорк ред булс.

Тата Мартино го „поштеди“ Меси од старт, но кога влезе во 60. минута од мечот, во фантастична комбинација со Бенџамин Кремаски, постигна гол кој сигурно е еден од најдобрите овој викенд.

Во само половина час игра, Меси имаше 23 допири на топката, за добар почеток на многу тешкиот обид да се стигне до плејофот во МЛС лигата.

Scroll to Top