Top Sport

Јунајтед го добива колумбискиот „гениј“ Тилве?

Младиот колумбиски вундеркинд Вилсон Тилве, кого медиумите во неговата земја веќе го нарекуваат „следниот Хамес Родригес“, се фотографираше во академијата на Манчестер јунајтед, зголемувајќи ги шпекулациите дека веќе има договор.

16-годишното момче е на еднонеделна проба на „Олд Трафорд“ и доколку импресионира, се верува дека Жозе Мурињо ќе го направи постојан член на академијата на „Ѓаволите“. Тој во моментов е играч на Клуб Атлетико од Карахена, каде што игра на позицијата број 10, слично како Родригес, играчот на Реал, кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен.

Scroll to Top