Top Sport

Роси: Ги барав Роналдо и Игуаин, но не сакаа во Левски

Тренерот на Левски Софија, Делио Роси саркастично одговори за засилувањата на 26-кратниот бугарски шампион во зимскиот преоден рок, велејќи дека сакам да ги привлече Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин и Пауло Дибала, но тие ја одбиле понудата.

„Работам да ви се допаѓа играта на Левски, и тоа се главните цели на подготовките. Подготвителните мечеви беа само поинтензивни тренизи. Новите играчи треба да се израмнат во кондицијата и дојдоа да го направат Левски посилен. Но, целите треба да бидат остварени, а не само поставени. Сакав да го земам Кристијано Роналдо, но тој не можеше да дојде. Го посакав и Игуаин, како и Дибала, но и тие не сакаа да потпишат. Затоа, земавме фудбалери кои се доволно квалитети“, вели Роси.

Италијанскиот тренер, кој претходно работеше во Лацио, Палермо, Фиорентина, Сампдорија и Болоња е тренер на Левски од минатиот август. „Сината лавина“ во моментов е на третото место во бугарската Прва лига со 39 поени, девет помалку од првопласираниот Лудогорец и осум зад градскиот ривал, ЦСКА Софија. Левски последната шампионска титула ја освои во 2009 година.

Scroll to Top