Top Sport

Јунајтед го мина Ридинг во ФА купот, Солскјер има пет од пет (Видео)

Фудбалерите на Манестер Јунајтед изборија пласман во четвртот коло, во ФА купот. „Црвените ѓаволи“ славеа победа 2:0 против Ридинг. Покрај Јунајтед третото коло, во саботата, го минаа Барнли, Брајтон, Вест Хем и ВБА.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се запиша во клупската историја. Тој е единствениот кој победил на првите пет натпревари.

Стрелци за Јунајтед на овој меч беа Хуан Мата од пенал во 22. и Ромелу Лукаку во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме.

Инаку, пеналот за Јунајтед беше досуден откако судијата го консултираше ВАР-системот. Видео технологијата Англичаните ја тестираат во ФА купот.

Резултати:

Брнмут-Брајтон 1:3
Барнли-Барнсли 1:0
ВБА-Виган 1:0
Вест Хем-Бирмингем 2:0
Шефилд Венздеј-Лутон 0:0
Шрузбери-Стоук 1:1

Scroll to Top