Top Sport

Јунајтед го обнови интересот за Карлос Балеба

Манчестер Јунајтед наводно планира да го потпише играчот од средниот ред на Брајтон, Карлос Балеба, во јануарскиот преоден рок за 115 милиони фунти (околу 132 милиони евра).

21-годишникот, беше цел на клубот од „Олд Трафорд“, пред шест месеци. Тогаш клубовите не постигнаа договор, но Јунајтед не се откажа од Балеба.

Јунајтед сега ги разгледа условите за можен трансфер во јануари, пишува „Скај Спортс“, истакнувајќи дека позицијата на Брајтон останува иста, Балеба не е на продажба.

Доколку Јунајтед се согласи на цената што ја бара Брајтон, ќе мора да го сруши клупскиот рекорд.

Од Брајтон во август, изјавија дека младиот Камерунец би можел да замине за не помалку од 115 милиони фунти (132 милиони евра), што би ги надминало 105-те милиони евра потрошени за Пол Погба во 2016 година.

Договорот на Балеба е до 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една година. Долгорочниот договор му дава на Брајтон силна преговарачка позиција и им овозможува да бараат огромна сума за играчот од средниот ред.

Карлос Балеба веќе има одиграно над 70 натпревари во Премиер лигата откако му се приклучи на Брајтон од Лил за 23 милиони фунти.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');