Top Sport

Јунајтед го потврдија и Диого Далот

Манчестер јунајтед го потврдија трансферот на 19-годишниот Диого Далот од Порто со петгодишен договор, за второ засилување по трансферот на Бразилецот Фред од Шахтјор Доњецк.

Тинејџерот, кој доаѓа за околу 19.3 милиони фунти на „Олд Трафорд“, е производ на младата школа на Порто, пред оваа сезона да дебитираше во Примиера лига во Португалија.

„За мене е неверојатна можност да се дојде во клуб како Манчестер јунајтед. Израснав во академијата на Порто и им благодарам за сѐ што направија за мене, но шансата да се дојде во најголемиот клуб на светот беше преголема. Едвај чекам да почнам да работам со Жозе Мурињо и да учам од него“, изјави Далот.

Мурињо го „бркаше“ Далот по крајот на сезоната во Португалија и го опиша како „најдобриот бек во Европа“ за своите години.

„Диого е екстремно талентиран млад дефанзивец со сите услови да стане голем играч за нашиот клуб. Физички е силен, тактички интелигентен и носи менталитет од академијата на Порто, каде што фудбалерите се подготвуваат да бидат зрели млади“, додава Мурињо.

Scroll to Top