Top Sport

Јунајтед го потврдиле трансферот на Ван-Бисака

Членот на младата репрезентација на Англија, Арон Ван-Бисака, се наоѓа пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Кристал Палас по неколку месечни преговори решиле да ја прифатат понудата за десниот бек.

Би-би-си тврди дека Манчестер Јунајтед за Ван-Бисака ќе платат 55 милиони евра (50 милиони фунти), со што ќе стане најскапиот десен бек во историјата на фудбалот. Претходниот рекорд го држеше Кајл Вокер за чии трансфер Манчестер сити на Тотенем му платија 50 милиони евра (47 милиони фунти).

Ван-Бисака на 11 годишна возраст станал дел од академијата на Кристал Палас, а за првиот тим дебитирал во 2018 година. Минатата сезона одиграл 39 натпревари (35 во Премиер лигата).

Десниот бек во Манчестер Јунајтед ќе има неделна плата од 90.000 евра. Инаку тој во Кристал Палас имаше најниска плата од сите играчи (11.000 фунти).

Scroll to Top