Top Sport

Брејкденс на Олимпијадата во 2024 година

На седницата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) било одобрено, привремено, во програмата на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година да биде вклучен брејкденсот.

На наредните ЛОИ во Токио во 2020 година во програмата ќе бидат вклучени скејтбордингот, спортското качување и сурфувањето, и како што потврдиле од ИОК тие ќе останат во програмата и на Игрите во Париз во 2024 година.

„Четирите спортови што ги нуди организациониот одбор во целост се според олимпискиот план за 2020 година бидејќи придонесува програмата да биде урбана. Исто така ни се укажува можност да оствариме контакт со помладата генерација“, рекол првиот човек на ИОК, Томас Бах.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 24 јули до 11 август 2024 година.

Scroll to Top