Top Sport

Јунајтед го „сакаат“ пеналите, Бруно Фернандеш има 11 гола од белата точка од јануари!

Манчестер јунајтед има неочекувано 1:0 водство на „Паркот на принцовите“ против минатосезонскиот финалист од ЛШ, Пари Сен-Жермен, откако повторно пеналите му се „насмевнаа“ на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Во другите мечеви по 45 минути, Лацио има 2:0 против Борусија Дортмунд, Лео Меси исто така погоди од пенал за 2:0 водство на Барса против Ференцварош, а нема голови на Челси-Севилја.

Јунајтед доби пенал во 21. минута од мечот, кога Антони Марсијал театрално падна во шестнаесетникот ,а првиот обид на капитенот Бруно Фернандеш заврши во рацете на Кејлор Навас. Сепак, шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз нареди ново изведување, бидејќи Навас не беше на линијата, и овојпат Фернандеш не згреши. Ова е 11-ти гол од пенал за Португалецот откако пристигна во Јунајтед во јануари!

Во Рим, Лацио има 2:0 предност во својот камбек во елитата, откако Чиро Имобиле и Луиз Фелипе ја казнија одбраната на Борусија Дортмунд.

Scroll to Top