Top Sport

Баерн одбраната на трофејот од ЛШ го стартуваат без Гнабри

Ѕвездата на Баерн Минхен, Серж Гнабри ќе го пропушти првиот меч од одбраната на титулата во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид поради позитивен тест на корона вирусот.

25-годишниот Гнабри беше стартер во текот на викендот, играјќи еден час при 4:1 победата над Арминија Билефелд. Тој се наоѓа во добра состојба и е во домашна изолација. Во групата А покрај Атлетико и Баерн се и РБ Салцбург и Локомотив Москва.

Гнабри имаше фантастична 2019/20 сезона, втора во дресот на Баерн откако претходно не успеа да се пробие во првиот тим на Арсенал, постигнувајќи 23 гола во 46 меча.

Scroll to Top