Top Sport

Јунајтед го сакаат тренерот на Салцбург, Марко Розе?

Тренерот на Ред бул Салцбург, Марко Розе е изненадувачкиот фаворит на управата на Манчестер јунајтед за постојан тренер од следната сезона, доколку Маурисио Почетино реши да остане во Тотенхем.

Извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард, уште смета на Почетино како на совршен човек за „кревање“ на Јунајтед, тој има неколку алтернативи, како Зинедин Зидан, Лорен Блан, сегашниот преоден тренер Оле Гунар Солксјер, но и младиот тренер на Салцбург, Марко Розе.

42-годишниот Розе ги предводеше Салцбург до титулата во Австрија во својата прва сезона на клупата, а тимот исто така стигна до полуфиналето на Лига Европа минатата година, победувајќи ги Реал Сосиедад, Борусија Дортмунд и Лацио во нокаут-фазата. Салцбург потоа загуби од Марсеј во полуфиналето.

Розе поголемиот дел од својата фудбалерска кариера ја помина со клубот на Мајнц. Оваа сезона тој продолжи да бележи одлични резултати – Салцбург е непоразен во австриската Бундеслига, а тие се во нокаут фазата во ЛЕ откако победија во сите шест меча од групната фаза (против Селтик, Розенборг и РБ Лајпциг).

Фото: ЕПА

Scroll to Top