Top Sport

Каков Меси, каков Роналдо! Најдобар стрелец во 2018 е Багдад Бунеџах! (видео)

Кристијано Роналдо во 2018 година постигна 49 гола во 53 меча! Лионел Меси беше уште подобар и имаше 51 гол во 54 меча. Но, двете фудбалски суперѕвезди немаат шанси со алжирскиот напаѓач на катарскиот Ал-Сад, кој има неверојатни 59 гола во само 40 меча минатата календарска година.

27-годишниот Бунеџах е вистинска ѕвезда во Ал-Сад, клубот каде што играат шпанските фудбалски легенди Чави и Габи и кои се на првото место на табелата во Катар. Бунеџах покрај тоа што добива пофалби за својата фодрма на теренот, заработува милиони во богатата земја.

Бунеџах е најдобар стрелец во Азиската ЛШ со 13 голови за Ал-Сад да влезе во полуфиналето, додека постигна неверојатни седум гола во еден меч, за 10:1 победа над Ал Араби.

„Би сакал еден ден да играм во Европа, тоа е јасно. Ако добијам интересни понуди ова лето ќе размислам, но во моментов сум задоволен. Целта е да се игра во Европа, но и со Алжир да се оди на Светското првенство во 2022 година“, вели Бунеџах.

Scroll to Top