Top Sport

Јунајтед и Аталанта во преговори за трампа Хојлунд-Гринвуд

Манчестер јунајтед и Аталанта преговараат за можна зделка со која купувањето на данскиот напаѓач Рамус Хојлунд ќе биде поврзано со праќање на позајмица на Мејсон Гринвуд во Италија, тврди „Манчестер ивнинг њуз“.

Директорот на фудбал на Јунајтед, Џон Мурто ги врши преговорите со италијанскиот клуб, откако Хојлунд стана еден од приоритетите на Ерик Тен Хаг во летниот преоден рок, а во исто време „ѓаволите“ се обидуваат да најдат решение за Гринвуд, кој нема заиграно за клубот од јануари 2022 по обвинувањата за силување и насилство.

Обвиненијата за Гринвуд во февруари 2023 беа отфрлени, откако тој се смири со својата девојка со која очекува дете, но уште не доби зелено светло да се приклучи на првиот тим и веќе почна со индивидуални тренинзи. Гринвуд има договор до 2025 година со Јунајтед, и Тен Хаг уште не е подготвен да го продаде, така што позајмица би била совршена за клубот.

Scroll to Top