Манчестер јунајтед ги договорил личните услови со Бруно Фернандеш и сега се чека само договор со неговиот матичен клуб Спортинг Лисабон, тврди „ЕСПН“.
Договор меѓу клубовите уште не е постигнат, бидејќи Спортинг го ценат Фернандеш на 80 милиони евра, додека Јунајтед би сакале да платат „само“ 60 милиони евра.
25-годишниот Фернандеш, кој има 19 настапи за португалската репрезентација, би требало да си замине по петочното португалско дерби откако неговиот агент Жорге Мендеш се договорил со Јунајтед, а Спортинг сакаат да го вклучат и Маркос Рохо во договорот, иако Јунајтед засега одбиваат таква можност.
Според дел од англиските медиуми Фернандеш во недела веќе би можел да биде на „Енфилд“, овојпат само како гледач во дербито со Ливерпул.