Top Sport

Лигата на шампиони ќе ја „врати“ втората групна фаза од 2024?

Тимовите кои ќе се натпреваруваат во Лигата на шампиони ќе треба да играат уште четири дополнителни мечеви од 2024 година, откако УЕФА продолжува со плановите за нов формат на натпреварувањето, тврди британскиот „Тајмс“.

Според англискиот весник, Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), каде што се собрани елитните европски клубови и УЕФА сакаат да го прошират натпреварувањето што може да донесе до уште поголем метеж со мечевите, посебно во Премиер лигата.

Иако не е потврдено како ќе се уфрлат дополнителните четири меча, тоа може да се смени со додавање на клубови во групите, или со додавање на уште една групна фаза пред елиминационите мечеви.

Првиот план на ЕЦА е да се додадат дури 10 дополнителни мечеви во ЛШ за да се зголемат мечевите меѓу најдобрите европски клбови, но сепак, се согласиле за намалување на само четири дополнители меча. Англиските клубови, наводно, веќе се согласиле да се „откажат“ од Карабао (Лига купот), кој би бил ограничен на тие тимови кои немаат европски фудбал.

Според овој контроверзен план, клубовите кои ќе стигнат до полуфиналето на ЛШ автоматски би се квалификувале за следната сезона без разлика на лигашката позиција, додека патот на посиромашните клубови (посебно од источна Европа) би станал многу потежок.

Scroll to Top