Top Sport

Јунајтед и Челси понудиле „стотка“ за Бејл

Навивачите во Мадрид со нетрпение чекаат да видат како Герет Бејл заминува од клубот, тој не ги оправда очекувањата, а поради честите повреди го доби прекарот „стаклениот човек“.

Доколку во реал тргнат со сериозна реконструкција на тимот, тоа значи дека еден од оние што први ќе замина е Велшанецот, платен речиси 100 милиони евра во 2014 година.

Иако не е во добра форма, цената не му е намалена, бидејќи за него постоел голем интерес во Премиер лигата. Како што пишува „Дон Балон“, Манчестер Јунајтед и Челси биле подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги.

Јунјетед се обидуваа да го донесат Бејл и во 2014 година, но тогаш претседателот на Тотенхем реши да го продаде во Реал.

Во Челси се надевале дека ќе можат да го вклучат Бејл во преговорите со реал, како дел од трансферот на Еден Азар. Белгиецот во летниот преоден рок најверојатно ќе се пресели на „Сантјаго Бернабеу“.

Scroll to Top