Top Sport

Јунајтед и Погба со невиден пресврт во Торино, Реал „кралски“ во Чешка (видео)

Во вечер на постигнување на голови против поранешни тимови, Кристијано Роналдо стрелаше против Манчестер јунајтед, а Пол Погба против Јувентус, за на крајот „ѓаволите“ да стигнат до импресивна и драматична 2:1 победа во Торино за зголемување на шансите за пласман понатаму во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“ Реал Мадрид се враќа од Чешка со импресивна 5:0 победа над Викторија Плзен.

Кристијано Роналдо во 65. минута од мечот во Торино доби фантастична топка од Леонардо Бонучи за со силен и прецизен удар да го совлада Давид де Хеа и да ја искомпликува ситуацијата на Манчестер јунајтед. Иако го „потопи“ својот поранешен клуб, Португалецот го прослави голот, пред да им се извини на гостинските навивачи.

Но, завршницата целосно му припадна на тимот на Жозе Мурињо. Хуан Мата во 86. минута постигна прекрасен гол од слободен удар за израмнување, а во 90-тата минута по една мешаница пред голот на Јуве, Пол Погба со помош на Алекс Сандро го постигна победничкиот гол (кој му беше запишан на дефанзивецот).

Со оваа победа, Јунајтед останува на второто место со 7 поени, два помалку од Јуве, но уште поважно два поени пред Валенсија, каде што ќе гостува во одлучувачкиот меч. 

Сантијаго Солари пак, имаше уште една победа на клупата на Реал Мадрид, зголемувајќи си ги шансите да биде наименуван за постојан тренер на „кралевите“, откако предводен од двата гола на Бензема и по еден на Бејл, Крос и Кашемиро, стигна до лесна 5:0 победа во Плзен и се израмни со Рома со по 9 поени на врвот на групата Г.

Манчестер сити го „здроби“ Шахтјор Доњецк на „Етихад“ со 6:0 со два гола од пенал, од кој едниот беше дело на Рахим Стерлинг, кој имаше едно импресивно „глумење“ за пенал. Во истата група Ф, Лион пропушти победа и одигра 2:2 Хофенхајм, за да си ги зголеми шансите за пласман понатаму. Сити има 9, Лион 7 поени, а Хофенхајм 3 поени.

Во групата Е, Баерн Минхен рутински со 2:0 го совлада тимот на АЕК Атина, за да остане на првото место на табелата, пред Ајакс, кој одигра 1:1 во Португалија против Бенфика за да се зацврсти на второто место.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4.КОЛО

ГРУПА Е

Бенфика – Ајакс 1:1

Баерн Минхен – АЕК Атина 2:0

Табела: Баерн 10, Ајакс 8, Бенфика 4, АЕК 0

ГРУПА Ф

Манчестер сити – Шахтјор 5:0

Лион – Хофенхајм 2:2

Табела: Манчестер сити 9, Лион 6, Хофенхајм 3, Шахтјор 2

ГРУПА Г

ЦСКА Москва – Рома 1:2

Викторија Плзен – Реал Мадрид 0:5

Табела: Рома 9, Реал 9, ЦСКА 4, Викторија 1

ГРУПА Х

Валенсија – Јанг Бојс 3:1

Јувентус – Манчестер јунајтед  1:2

Табела: Јувентус 9, Манчестер јунајтед 7, Валенсија 5, Јанг Бојс 1

ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1:2

 

ВИКТОРИЈА – РЕАЛ МАДРИД 0:5

 

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ШАХТЈОР ДОЊЕЦК 6:0

БАЕРН МИНХЕН – АЕК 2:0

ЛИОН – ХОФЕНХАЈМ 2:2

БЕНФИКА – АЈАКС 1:1

Scroll to Top