Top Sport

Гетџи за пензијата на Конор: Пак е пијан, среќа старите луѓе се во своите домови!

Носителот на преодната УФЦ титула во лесна категорија, Џастин Гетџи брутално одговори на веста дека Конор Мекгрегор по третпат објави дека се пензионира.

Кратко по крајот на УФЦ 250 во Лас Вегас, Мекгрегор преку Твитер објави дека се повлекува од спортот и покрај тоа што во јануари имаше успешен камбек во откагонот со победата во 40 секунди над Доналд Серон.

Ирецот беше еден од фаворитите да влезе во борба со Гетџи или со Хабиб Нурмагомедов, по што Гетџи реши да посочи дека тој најверојатно е во алкохолизирана состојба и дека никој не му верува и го потсети на тепањето на старецот во еден паб во Даблин, откако тој одби да пие од неговото виски.

„За среќа, старците уште се кријат во своите домови. Овој пак е пијан“, напиша Гетџи.

Конор Мекгрегор се пензионираше… Третпат!

Scroll to Top