Манчестер јунајтед и Монако се најдоа на „листата за отстрел“ на веб-сајтот „Фудбал ликс“, кои објавија податоци кои сигурно ги прекршуваат правилата на ФИФА и УЕФА.
Откако прво објавија податоци за финансиските „малверзации“ на Пари Сен-Жермен и Манчестер сити, „Фудбал ликс“ објавија дека Челси прекршиле многу правила за ангажирање на млади фудбалери со потписот со Андреас Кристенсен за што им се заканува забрана за трансфери во три-четири трансфер периоди.
Сега, според документите објавени од „Медиапарт“ на „тапет“ е користењето на Монако со таканаречени „тајни договори“, какви што имаат со Ерик Абидал, Рикардо Карваљо и Жереми Тулалан. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Радамел Фалкао, исто така е споменат и тоа во една неверојатна приказна.
Колумбиецот потпиша за Монако од Атлетико Мадрид за 53 милиони евра, но Атлетико доби две „транши“ од 43 и 10 милиони евра за да се избегнат правилата за плаќање на стариот колумбиски тим на Фалкао. По ова, Фалкао беше позајмен на Манчестер јунајтед во 2014/15, со договор од 6 милиони евра и дополнителни 4 милиони евра ако „ѓаволите“ бидат четврти таа сезона.
Но, според правилата во Франција, бонусите за перформанси се нелегални, така што двата тима ги „заобиколиле“ правилата со тоа што потпишале договор со кој ако Јунајтед завршат во топ 4, двата клуба ќе играат пријателски меч, кој Јунајтед ќе го плати 4 милиони евра.