Манчестер јунајтед ја одбиле понудата од Евертон за дефанзивецот Крис Смолинг и покрај тоа што „ѓаволите“ по пристигањето на Хери Мегвајр имаат дури седум фудбалери кои играат на централната дефанзивна позиција.
Евертон имаат добар буџет за трансфери и се обидуваат да комплетираат уште неколку договори до крајот на англискиот преоден рок утре попладне, но од друга страна Јунајтед и Оле Гунар Солскјер се задоволни од тимот што го имаат и не сакаат да го пуштат Смолинг, односно тој е во иста позиција како и Пол Погба и Ромелу Лукаку.
На позицијата на централен бек во Јунајтед играат Маркос Рохо, Аксел Туанзебе, Фил Џонс, Виктор Линделоф и повредениот Ерик Баји, покрај Смолинг и засилувањето Мегвајр. 29-годишниот Смолинг го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“ до јуни 2022 година.