Top Sport

Александар Трајковски во Мајорка: Ова е еден убав проект!(фото)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски го официјализираше четиригодишниот договор со шпанскиот прволигаш Мајорка. Трајковски со Мајорка потпиша договор со кој ќе има 650.000 евра годишна плата, а клубот одреди откупна клаузула од 45 милиони евра.

„Среќен сум што доаѓам во Мајорка. Ова е еден убав проект и се надевам дека ќе бидам успешен и дека ќе имаме добра и успешна сезона. Напред Мајорка“ – напиша Трајковски на својот Инстаграм профил.

Тој дополнително ќе биде промовиран, заедно со сите засилувања во клубот.

Трајковски го напушти Палермо откако клубот од Сицилија административно беше преселен во Серија Д во Италија.

Трајковски за Палермо одигра 113 натпревари, даде 20 голови, а имаше и 16 асистенции.

Scroll to Top