Top Sport

Јунајтед ја договорил продажбата на Бруно Фернандеш за 115 милиони?!

Манчестер Јунајтед наводно се согласил да го продаде капитенот Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија наредното лето.

Како што објавија некои англиски медиуми, Ал Хилал ќе плати 115 милиони евра за Португалецот.

Ал Хилал му понудил иста сума на Јунајтед ова лето, а Португалецот потоа изјави дека е подготвен да си замине доколку клубот смета дека е време да профитира од неговиот трансфер.

Сепак, Јунајтед и Фернандеш, кои имаат договор до летото 2027 година, ја одбија понудата, а фудбалерот нагласи дека сè уште сака да игра на највисоко можно ниво на големите натпреварувања.

„Сè уште не сум ги остварил своите соништа“, изјави Португалецот пред еден месец.

Саудијците наводно ќе се обидат да го привлечат Фернандеш со нова понуда во јануари, и се подготвени да му дадат неделна нето од околу 800.000 евра.

Тоа е речиси двојно повеќе од она што го заработува на „Олд Трафорд“.

По очајниот почеток на сезоната во која Јунајтед моментално е 14-ти во Премиер лигата со само седум освоени бода од можни 18, заедно со елиминацијата од Лига купот од четвртолигашот Гримсби, Саудијците се надеваат дека Португалецот се предомислил.

Особено затоа што се чини дека е фрустриран од улогата што тренерот Рубен Аморим му ја дава на теренот.

Тој го користи на позиција што бара од него да извршува повеќе дефанзивни задачи, што очигледно не одговара на неговите офанзивни квалитети и влијание врз играта.

Сепак, Аморим, под притисок по лошиот почеток на неговата прва целосна сезона на чело на Јунајтед, не покажува дека е подготвен да ја промени тактиката и да му додели на Бруно фанзивна улога.

Оваа сезона, Фернандес постигна само два гола без ниту една асистенција во осум натпревари. Вкупно, тој постигна 100 гола со 86 асистенции во 298 настапи за Јунајтед.

Јунајтед треба да ги искористи парите од трансферот за да ги доведе млафите играчи Карлос Балеба (Брајтон, 21) и Елиот Андерсон (Нотингем Форест, 22).

Foto/ EPA

Scroll to Top