Top Sport

Јунајтед ја одреди цената за Гринвуд

По долга суспензија, Мејсон Гринвуд конечно се врати на терените како позајмен играч во дресот на Хетафе. Манчестер јунајтед нема намера да го врати на „Олд Трафорд“, клубот ја одреди цената за него.

Претходно оваа година, обвинувањата за злоупотреба против Мејсон Гринвуд беа отфрлени и фудбалерот можеше да ја продолжи кариерата.

Гринвуд имаше перфектен старт на Ла Лига, постигна гол и забележа една асистенција во првите пет натпревари.

Сепак, во редовите на Јунајтед не сакаат ниту да слушнат за негово враќање во првиот тим и се подготвени да го продадат следното лето. Тие се подготвени да прифатат понуда од 20 до 25 милиони евра.

Scroll to Top