Манчестер Јунајтед вечерва покажа класа против Астон Вила. На „Вила парк“ со 3 гола ги собра трите бода, 0-3 беше по последниот свиреж.
Иако првиот гол „ѓаволите“ е спорен, затоа што останува недоумицата дали навистина имаше пенал за Јунајтед. Сепак, тоа не му пречеше воопшто на Фернандеш во 27 минута да го испрати Пепе Реина на една страна, а топката да ја смести на другата за 0-1.
Последните мигови од првиот дел, кога сите очекуваа судијата да отсвири пауза, Гринвуд со прецизен и силен удар од 16 метри биеше неодбранливо за 0-2.
Во вториот дел играта на Астон Вила беше налик на првото полувреме, само еден упатен удар директно кон Де Хеа.
Точка на мечот стави Погба откако доби скратена топка, од Фернандеш, од корнер, па се намести и од 16-тина метри биеше неодбранливо за 0-3.
Со овие 3 поени, Јунајтед дојде на само 1 бод негатива од четвртопласираниот Лестер и -2 од Челси кој е на третата позиција. „Ѓаволите“ ќе чекаат кикс на конкурентите за пласман на позиција кја носи во ЛШ.
Астон Вила пак остана претпоследна на табелата, со 27 бода, дури четири помалку од Ватфорд кој во моментов е над линијата.