Бразилецот Матеус Куња (26) ќе биде првото засилување за Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Трите страни постигнале договор, останува уште напаѓачот да го стави својот потпис на договорот.
Манчестер јунајтед на Вулверхемптон ќе му платат 74 милиони евра, на три рати во период од две години. Првата рата од 25 милиони евра ќе биде исплатена ова лето, втората по завршувањето на следната сезона, а третата во летото 2027 година.
Јунајтед решил да ги исполни и барањата на фудбалерот. Куња ќе има неделна плата од 230.000 фунти и ќе ја добие „десетката“.
Клубот од „Олд Трафорд“ заврши на 15-то место во Премиер лигата, нивниот најлош пласман од сезоната 1973/74, кога испаднаа во втората лига. Јунајтед имаше шанса да ја спаси сезоната, но не успеа да ја освои Лига Европа.
Куња пристигна во Вулверхемптон од Атлетико Мадрид во јануари 2023 година на шестмесечна позајмица, а потоа англискиот клуб го откупи неговиот договор за 50 милиони евра во јули истата година.
Бразилскиот голгетер постигна 17 гола и имаше шест асистенции оваа сезона во дресот на Вулверхемптон.