Top Sport

Јунајтед ќе бркаат топ 4 без Рашфорд?

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг потврди дека Рафаел Варан ќе се врати во составот за мечот против Вулверхемптон во сабота, но признава дека е можно Маркус Рашфорд да отсуствува во последните четири меча од сезоната, клучни за пласман во топ 4 и во Лигата на шампиони.

„Рафа Варан се враќа, но Рашфорд е неизвесен. Тој има проблем, повреда на ногата. Имаме играчи кои можат да постигнат голови и сега ќе имаат шанса да го направат тоа“, вели Тен Хаг.

Манчестер јунајтед имаат најмалку постигнати голови во топ 7 екипите во Премиерлигата, Рашфорд е најдобар стрелец со 29 гола во сите натпреварувања. Други опции на Тен Хаг во нападот се Антони Марсијал и Вут Вегхорст.

По поразите од Брајтон и Вест хем, Јунајтед се четврти со само поен предност пред Ливерпул, но имат меч повеќе. Ливерпул, од друга страна, имаат шест победи во низа.

„Имавме недела пауза да се опоравиме, да ја вратиме енергијата која ни недостасуваше во последните два меча. Ситуацијата е во наши раце и секогаш е добро да не зависиш од другите“, додава Тен Хаг.

Scroll to Top