Top Sport

Јунајтед ќе добијат помалку пари ако не влезат во ЛШ

Манчестер Јунајтед ќе останеле без голема сума на пари од техничкиот спонзор „Адидас“ доколку и оваа сезона не изборат пласман во Лигата на шампионите.

Според клаузулата во договорот германската компанија ќе ја намали сумата што треба да ја исплати за 30 отсто доколку „црвените ѓаволи“ повторно останат без место во елитата.

Според условите од договорот „Адидас“ на Манчестер Јунајтед му плаќаат 75 милиони фунти (речиси 85 милиони евра). Доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите на крајот од сезоната, износот за наредната ќе биде намален на 52,5 милиони фунти (околу 59 милиони евра).

Две победи исто толку нерешени и порази имаат избраниците на Оле Гунар Солскјер по шест одиграни натпревари во Премиер лигата.

Scroll to Top