Top Sport

Реал сакаат Модриќ да не игра против Унгарија и Велс

Реал Мадрид очекувале Лука Модирќ да разговара со селекторот на Хрватска, Златко Далиќ и од него би побарал да не игра квалификациските натпревари против Унгарија и Велс, пишува „Марка“.

Модриќ на 9 септември, на натпреварот Азербејџан-Хрватска, го повредил адукторот.И покрај повредата тој го одиграл целиот натпревар, а 90 минути на теренот бил и три дена претходно против Словачка.

Поради повредата Модриќ веќе ги пропушти натпреварите против ПСЖ, Леванте и Севилја.

„Реал очекува Модриќ да разговара со Далиќ за да го ослободи од обврските поради густиот календар“, пишува „Марка“.

Далиќ веќе го соопшти списокот на играчи, со Модриќ во него, за мечевите што Хрватска ќе ги одигра против Унгарија и Велс на 10 и 13 октомври.

Scroll to Top