Top Sport

Јунајтед ќе испратат нова понуда за Антони

Манчестер јунајтед подготвува нова понуда за Бразилецот од Ајакс, Антони. Првата од 80.000.000 евра, Ајакс ја одби.

Според информациите на „Дејли Мејл“, клубот од Манчестер би можел да испрати нова понуда, што значи дека таа би била и повисока од 80.000.000 евра. Антони сака да се пресели во Јунајтед. Во последните денови тренираа одвоено од првиот тим.

Според „Трансфермаркт“, најголемите трансфери на Јунајтед во историјата се: Пол Погба (105 милиони евра), Хари Мегваер (87 милиони евра), Џејдон Санчо (85 милиони евра) и Ромелу Лукаку (84 милиони евра).

Инаку Ајакс веќе подготвиле замена за Антони, во клубот ќе се врати Хаким Зијеш од Челси.

Scroll to Top