Top Sport

Јунајтед ќе ја активираат клаузулата во договорот на Далот

Манчестер јунајтед планираат да ја активираат клаузулата за едногодишно продолжување на договорот на Диого Далот во обид да го убедат да остане на „Олд Трафорд“ и да избегнат ситуација во кој тој како слободен играч би заминал од клубот, со Барселона и Милан како два заинтересирани клуба.

23-годишниот Португалец имаше неубедлив старт на неговата кариера со „ѓаволите“, а дури помина една сезона како позајмен играч во Милан, но оваа сезона се промовираше во прв избор на позицијата на десен бек во тимот на Ерик Тен Хаг со дури 17 одиграни меча досега. Јунајтед сега ќе ја активираат клаузулата со која тој ќе остане нивни играч до крајот на 2023/24, а во меѓувреме ќе преговараат за долгорочен договор, тврди „Сан“. Далот по 1:0 победата над Вест хем во неделата не сакаше да зборува за својата иднина.

„Мислам дека сега не е време да зборуваме за мојот договор. Се наоѓамево процес на подобрување на тимската игр. Јас обожавам да играм за Манчестер јунајтед и се надевам дека то се гледа. Среќен сум и тоа е најважното“, изјави Далот.

Тој пристигна во Јунајтед за 19 милиони фунти во 2018 од Порто. Во првите две сезони имаше 34 настапи за тимот, пред да биде пратен во Милан во 2020/21 по конфликтот со Оле Гунар Солскјер, кој го преферираше Арон Ван-Бисака на неговата позиција. Лани, под преодниот менаџер, Ралф Рангник тој повторно беше во првиот тим со 30 настапи во 2021/22.

Scroll to Top