Top Sport

Фудбалерите на Марсеј не знаеле дека со реми со Тотенхем ќе играат во Лига Европа

Фудбалерите на Олимпик Марсеј не знаеле дека со реми против Тотенхем ќе играат во Лига Европа, открива Шансел Мбемба, кој објаснува дека поради „слаба комуникација“ неговиот тим прими гол во 95. минута за да загубат со 1:2 и да завршат на последното место во групата, испаѓајќи од сите европски натпреварувања.

Доколку останеше 1:1 на „Велодром“, Марсеј ќе беа трети пред Спортинг Лисабон, кои секудни претходно загубија со 1:2 од Ајнтрахт. Но, тимот на Игор Тудор одеше во напад по гол кој ќе ги однесеше во Лигата на шампиони.

„На клупата знаеја што се случува со Спортинг. Ние не го знаевме тоа поради слабата комуникација. Но, фудбалот е таков. Доминиравме во првото полувреме, а во второто тие беа подобри. Детали го одлучуваа мечот. Тоа е фудбалот“, вели Мбемба.

Scroll to Top