Top Sport

Јунајтед ќе почекаат до лето за Ериксен

Манчестер јунајтед повторно се појавија како фаворити за потписот на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, и тоа „ѓаволите“ не се подготвени да даваат пари за трансфер во јануари, туку ќе почекаат до крајот на неговиот договор со Тотенхем на крајот на сезоната, јавува „Дејли телеграф“.

За 27-годишниот плејмејкер исто така се заинтересирани и Интер и Јувентус, но се верува дека тој не е заинтересиран за трансфер во Италија, а бидејќи Реал Мадрид не покажува интерес, Јунајтед повторно е најсериозна опција.

Доколку некој од тимовите сака да го добие Данецот во јануари, за него ќе треба да плати фантастични 40 милиони фунти, кои Јунајтед можат да ги потрошат на други засилувања. Од друга страна, со него во тимот, ловот на топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите би бил многу полесен.

Scroll to Top