Top Sport

Јунајтед ќе троши пари… Но, на реновирање на стадионот и другите објекти!

Извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд потврди дека клубот ќе направи целосна ревизија на стадионот „Олд Трафорд“ и на тренинг-центарот во Керингтон по критките на локалните навивачи дека семејството Глејзер не вложило во модернизација на условите за фудбалерите, посебно откако слични проекти направија Манчестер сити и Челси.

„Правиме голема ревизија во однос на тоа каде сме и каде треба да бидеме. Ќе се разгледаат тренинг-центарот во Керингтон, но и објектите на Клиф и Литлтон роуд. Целта за ’Олд Трафорд’ е да биде сигурен, полн и бучен. Најлесно е да се додадат седишта, но тоа не е главната цел. Сакаме инвестиции кои ќе го заддржат карактерот на стадионот кој е изграден во 1910 година. Визијата е да не се менува премногу“, вели Вудворд.

Scroll to Top