Top Sport

Роналдо одбива да оди на „Златна топка“ бидејќи ќе отиде во рацете на Меси!

По наводното „откривање“ на освојувачот на „Златната топка“ на „Франс фудбал“, која според повеќе извори веќе по шести пат е во рацете на Лионел Меси, Кристијано Роналдо решил да не оди на церемонијата на доделувањето на наградата во понеделник на 2 декември во Париз, тврди „Ел мундо депортиво“.

Од „Франс фудбал“ само потврдија дека освојувачот на титулата веќе бил информиран, и треба да се почека понеделник за да се види дали вестите кои ги објавија шпанските медиуми се точни.

Португалецот не само што знае дека нема да биде првиот со шест освоени  „Балон д’ор“, туку уште повеќе бил налутен поради тоа што во распоредот ќе биде трет, зад дефанзивецот на Ливерпул и освојувач на Лигата на шампионите, Виргил ван Дајк.

„Освојувачот на Златната топка веќе знае дека на 2 декември ќе ја прими наградата“

Scroll to Top