Манчестер јунајтед веќе не се заинтересирани за Хери Кејн, бидејќи сметаат дека сумата која ќе ја платат за напаѓачот на Тотенхем е превисока, додека првиот ден од преодниот рок го поминаа во прв неуспешен обид да го добијат Мејсон Маунт од Челси.
Според „Гардијан“, во клубот сметаат дека не можат да си приуштат да платат над 100 милиони фунти за Кејн, бидејќи и покрај несомнената потреба за засилување во нападот, на Ерик Тен Хаг му се потребни засилувања на повеќе позиции и затоа се фокусираат на младиот Расмус Хојлунд од Аталанта, кој може да го добијат за 60-тина милиони евра.
Во исто време, Челси ја одбиле првата понуда на Јунајтед за Маунт од 40 милиони фунти, останувајќи на својата проценка дека Англичанецот вреди најмалку 70 милиони фунти. Според „Дејли телеграф“, Јунајтед не се обесхрабрени од првата „коррпа“ и остануваат со желба да го донесат Маунт.