Top Sport

Јунајтед минатата сезона неделно губел по два милиони фунти

Во текот на претходната сезона, Манчестер јунајтед, неделно губел по 2.000.000 фунти и покрај тоа што навивачите се вратија на трибините. Покрај тоа, клубот претрпе огромни оперативни загуби врз основа на астрономските плати на играчите. Сито тоа заедно драстично го зголеми вкупниот долг на клубот и дополнително ги налути навивачите.

Манчестер јунајтед пријави вкупна загуба од 115.500.000 фунти за минатата сезона, и оперативна загуба од 87.400.000 фунти.

Така, вкупниот долг на клубот е 514.900.000 . што е за 95.400.000 повеќе од претходно, што дополнително ги налути навивачите кои долги години се против американските сопственици.

Клубот загубите ги објаснува со тоа што заемот од 100.000.000 фунти бил искористен во име на претрпените загуби поради коронавирусот и празните стадиони за време на пандемијата.

Scroll to Top