Top Sport

Јунајтед му ги удрија клоците, Солскјер си го наплати отказот

Оле Гунар Слоскјер го наплати отказот што го доби од Манчестер јунајтед, во ноември минатата година. „Црвените ѓаволи“, му ги удрија клоците на Норвежанецот, по поразот од Вотфорд (4:1), на 20.ноември.

Солскјер беше менаџер на Јунајтед од март 2019 година до кракот на ноември 2021. Манчестер јунајтед, под водство на Солскјер забележале 78 победи и 38 порази, 33 натпревари завршиле без победник.

Три и пол месеци по разделбата, клубот објави дека Солскјер и неговиот стручен штаб добиле оштета од 10.000.000 фунти.

Од оваа сума, на Норвежанецот ќе му припадне 7.500.000 фунти.

Scroll to Top