Top Sport

Понуда која не се одбива? ПСЖ му нуди 100 милиони евра на Килијан Мбапе

Пари-Сен Жермен нема намера да се откаже од намерата да го задржи Килијан Мбапе на „Паркот на принцовите“. Раководството на клубот е подготвено да исплати неверојатни 100 милиони евра за нов двегодишен договор доколку францускиот ас реши да стави потпис за нова соработка.

Покрај годишната плата од 50 милиони евра, Мбапе би добил и огромни бонуси доколку стане добитник на „Златната топка“ како фудбалер на ПСЖ.

Катарските сопственици сакаат Мбапе да остане најмалку и следната сезона, затоа што нивна огромна желба е тој да замине на Светското првенство во Катар како член на ПСЖ.

Мбапе е начелно договорен за трансфер во Реал Мадрид, но интерес за него има и од англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Scroll to Top