Иако беше исфрлен од англиската репрезентација, Хери Мегвајр ќе остане капитен на Манчестер јунајтед, јавува „ЕСПН“. 27-годишниот Англичанец беше осуден за напад, опирање на апсење и обид за поткуп по тепачката која ја предизвика на грчкиот остров Миконос и доби 21-месечна условна казна затвор.
Мегвајр потврди дека планира да се жали на судската одлука, но пресудата значеше дека англискиот селектор Герет Саутгејт го исфрли од тимот за дуелите со Исланд и Данска. Јунајтед од друга страна имаат целосна доверба во изјавите на својот капитен и изворите тврдат дека тој ќе ја заддржи капитенската лентта и ќе се врати на тренинзи следната недела.
Мегвајр и неговите адвокати поднесоа жалба на одлуката со нови видео докази и со докази дека повредите на ногата ја потврдуваат неговата верзија за инцидентот.